Среќен 59-ти роденден Dr.Martens!

Среќен 59-ти роденден Dr.Martens!

За прв пат се појавиле на 1 април 1960 година, тоа се веќе 59 години од лансирањето на Dr. Martens 1460 - и сè уште се популарни како и тогаш. Навраќајки се низ децениите, од таму каде што сè започна - 1460 8 Eye Boot - до денешно време , се забележува дека сега стилот е малку повеќе експериментален - со цветови, смели бои и разни форми.

Мартинките се препознатливо парче обувки, познати во светот преку нивниот прецизен дизајн и бунтовен, панк-рок стил. Првично се дизајнирани во Германија од страна на повреден лекар кој сакал да создаде удобни и  стабилни чевли, но финалниот дизајн мартинките го добиле во Велика Британија кон крајот на 1950-тите,  а биле промовирани во 1960 година.  Првите чизми на д-р Мартенс имале осум нитни за врвки, карактеристични жолти шевови, и биле изработени во црвена боја на кожа.

Овие оригинални д-р Мартенс станале вистински хит кај работниците, поштарите, полицајците, а биле барани поради одличниот дизајн и  големата удобност.

Од 2000 година наваму, д-р Мартенс почна уште поинтензивно да се развива, па освен корекциите во дизајнот и додавањето на уште 8 дополнителни нитни за врвки, во палетата производи беа додадени и ниски чевли и сандали.

Од 2004 година, овие обувки стануваат многу популарни кај помладите генерации, со новите светли бои, нагласените притови и благо модифицираните стилови.

59 години подоцна, Dr.Martens се сеуште вистински фаворит во светот на урбаната мода.

Тагови

Оставете коментар