Услови за купување

За да купувате преку електронската продавница на Артурс потребно е прво да се НАЈАВИТЕ на сајтот, а при првиот пат на користење најпрвин да се РЕГИСТРИРАТЕ.

По најавата со вашиот е-маил и лозинка можете да ги пребарувате сите наши производи. Кога ќе дојдете до производот кој сакате да го купите потребно е да ја одберете
саканата големина и да кликнете ВО КОШНИЧКА.

Во кошничката се собираат сите производи кои сакате да ги купите. Кога ќе ги ставите ВО КОШНИЧКА саканите производи, кликнете на кошничката во горниот десен агол од екранот.
Тука можете да ги прегледате производите кои сакате да ги купите, за да продолжите со купувањето кликнете НАРАЧАЈ. Во делот ОПЦИИ ЗА НАПЛАТА одберете дали сакате да платите Онлајн
преку вашата банкарска картичка, или сакате да платите во готово при доставата на производот.

Доколку одберете плаќање онлајн, потребно е да ги внесете податоците од вашата картичка. На крај притиснете ПОТВРДЕТЕ ЈА НАРАЧКАТА.

 

По потврдување на нарачката во рок од 3 дена ќе бидете контактирани од вработените во Артурс за да се договорат деталите околу испораката.