Политика за враќање и Рекламации

Електронската продавница на Артурс обезбедува враќање на производи и средства единствено за производите кои се купени и платени од http://shop.arthurs.com.mk под долу наведените услови: 

 

  • Доколку производот не е користен може да се врати во рок од 5 дена, заедно со приложената документација добиена при испораката и истиот може да го замените со нов или да побарате рефундирање на средствата, доколку за истиот сте платиле онлајн. Во овој случај, Ве молимe да не информирате за Вашето барање преку нашиот меил info@arthurs.com.mk, наведувајќи ја причината за вараќањето на производот. Враќањето на производот е возможно само доколку производот не е користен!  Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот, со задршка на трошоците за банкарски провизии, пакување и дистрибуција. 

 

- Доколку при приемот на производот забележите видливи оштетувања на производот, истиот треба да го вратите назад по курирот и да нѐ исконтактирате на телефон 389 2 2602715 наведувајќи ги причините зошто не сте ја примиле пратката.

 

  • Доколку увидите дека производот по испораката не е во исправна состојба, контактирајте нѐ на телефон 389 2 2602715 и ние ќе се потрудиме што е можно поскоро неисправниот производ да ви биде заменет со нов. 

 

Електронската продавница на Артурс има право да ја менува Политика за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата http://shop.arthurs.com.mk/. Нашата политика за враќање на производ и парични средства, е достапна на нашата веб страницата. Ви препорачуваме при секоја посета на веб страницата да ги погледнете објавените измени од Политиката за враќање.