Како да се регистрирате?

За да можете да купувате производи преку електронската продавница на Артурс, потребно е да направите кориснички налог, односно да се регистрирате.

За регистрација кликнете на ПРИЈАВИ СЕ во горниот лев агол од екранот. Ќе добиете поле во кое треба да ги внесете личните податоци:

 

Внесете ги Вашите лични податоци и адреса и внесете лозинка. Лозинката треба да ја запомните за да можете подоцна да се логирате со неа. Прочитајте ја Политиката за заштита на личните податоци и Условите за користењето и потврдете дека сте ги прочитале и дека се согласувате со истите, за да продолжите со регистрацијата.

 

По регистрацијата ќе бидете информирани преку меил за Вашата регистрација и ќе треба да кликнете на линкот за да ја завршите регистрацијата и да се најавите, односно да се логирате.

 

Потоа ќе можете да ги користите сите наши услуги, вклучувајќи преглед на претходни нарачки, печатење на фактури и измена на податоци од Вашата сметка.