Политика за враќање и Рекламации

Враќање на производ
Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса АРТУРС, Качанички пат бр.134 и притоа трошокот за достава е ваш.
Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура.
Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса info@arthurs.com.mk
Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.

Избор на курирска служба при враќање на производ
За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.

Физичка замена
Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.

Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ
Овој тип на замена е возможна доколку Артурс има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на телефон или наinfo@arthurs.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка.
Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ.
Артурс ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки под 2490 денари, само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.

Рок за враќање на производ
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.

Потврда за вратен производ
Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Артурс, ќе добиете меил со известување.

Рок за рефундирање на средства
Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Артурс и истата ќе биде обработена.

Одбиено барање за рефундација
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.

 

Рекламација
При достава на пратката ве молиме да проверите дали има оштетување на пакетот во присуство на курирот. Доколку има видливи оштетувања, пакетот не треба да го превземате од курирот.
Во овој случај ве молиме да не побарате на тел: 02602715 или да ни пратите е-маил со свои податоци (број на нарачка) на info@arthurs.com.mk и да ги наведете причините поради кои сте одбиле да го преземете пакетот. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка.
Откако нарачаниот производ ќе ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали постојат одредени физички недостатоци на истиот. Доколку има видливи оштетувања потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02602715  или на  info@arthurs.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка.

Рекламација за онлајн нарачки во продавница
Производите купени онлајн не е можно да се рекламираат во продавница. Доколку има видливи оштетувања потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02602715  или на info@arthurs.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка.