Политика за заштита на лични податоци и Услови за користење

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Личните податоци кои ги бараме од купувачите се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

 

АРТХУРС ДООЕЛ се обврзува дека ќе ја чува приватноста на сите купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга.

 

Во делот КОНТАКТ освен што е истакнат телефонски број и адреса на кој може купувачите и посетителите на сајтот да не контактираат, исто така постои Контакт форма за уште полесно и побрзо да не контактираат, во која може да пишат, а при тоа треба да го внесат нивното ИМЕ и Меил адреса. Овие податоци ни се потребни за да можеме да одговориме на прашањето.

 

При ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ  од купувачот, потребни ни се следните информации – име, презиме, е-маил, телефон, и информации за продуктот (нарачката). Овие информации ги бараме за да можеме успешно да ја обработиме процедурата за враќање на производот и негова замена или враќање на средствата.

 

 

 Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во www.shop.arthurs.com.mk се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста. Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме за други цели ниту ќе ги проследуваме до трети лица.

Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.

Нашиот сајт користи колачиња - „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на тнр. сookies е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.

СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ

Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. www.shop.arthurs.com.mk се обврзува дека ќе се придржува до се претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа страница и праќање на известување по емаил до сите регистрирани корисници.

ПОДАТОЦИ ЗА ОФИЦИР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Назив на контролорот :

АРТХУРС ДООЕЛ

Официр за заштита на лични податоци :

1. Бинаса Машовиќ

 

 

Контакт тел:

02602715

Е маил:

info@arthurs.com.mk

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

 

Артхурс ДООЕЛ Ви овозможува користење на услуги и содржини од овој портал во согласност со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење важат за сите содржини и услуги на страницата www.shop.arthurs.com.mk. Се смета дека корисниците се запознати со овие услови доколку користат било кој дел од порталот, како и дека го прифаќаат користењето на содржините од овој портал само за лична употреба и на сопствена одговорност.

Артхурс ДООЕЛ Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во склад со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.shop.arthurs.com.mk. Се поистоветува дека корисниците се запознаени со овие услови доколку го користат било кој дел од нашиот сајт, како и дека прифаќаат дека користење на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.

ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА

АРТХУРС ДООЕЛ

Адреса: Качанички Пат 143

Тел: 2602715

email: info@arthurs.com.mk

WEB: www.shop.arthurs.com.mk

Трансакциска с-ка: 200000016912524 Стопанска Банка

ЕМБС:

ЕДБ:

Шифра на дејност:

 

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

 Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.

          1.      Општи одредби

 

www.shop.arthurs.com.mk  ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.

АРТХУРС ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

АРТХУРС може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

          2.      Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)

 Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.shop.arthurs.com.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашиот документ за заштита на приватноста на интернет. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација,    било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон.

 Артхурс на оваа локација не сака од Вас да добива доверливи или други информации со кои не може слободно да располага. Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и со кои не може слободно да се располага. www.shop.arthurs.com.mk нема никакви обврски кон овие соопштенија. Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на други начини да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите материјали содржани во нив, за било какви комерцијални и некомерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

          3.      Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, ќе ја напуштите оваа локација. www.shop.arthurs.com.mk ги нема прегледано сите овие локации на самостојни произведувачи и не ги контролира, и оттука не е одговорен за било која од овие локации или нивната содржина. Со самото тоа, не поддржуваме и не даваме никакви изјави за нив, ниту за било кои информации, софтвер или други производи или материјали кои таму се наоѓаат, или за било кои резултати кои можат да се добијат со нивното користење. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

          4.      Кориснички блог

АРТХУРС може, но нема обврска, да го надгледува или прегледува било кој дел од локацијата на кој корисниците пренесуваат или праќаат соопштенија или комуницираат единствено меѓусебно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на корисничкиот форум, како и содржината на било кое соопштение од овој тип. Но, Артхурс не се смета за одговорен за содржината на било кое од наведените соопштенија, без оглед дали произлегува или не од Законот за авторски права, клевети, приватност, навредливост или друго.

Артхурс го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив. Сите ифнормации во врска со трансакцијата купувач – продавница Артхурс, се смета за деловна тајна и треба да се третира согласно законските прописи на Република Македонија.

КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА

Креирање на налог

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница може но и не мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци и меил. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ, каде што потоа ви се отвараат полиња каде што потребно е да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ и на вашиот емаил ќе ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете со што вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Избор на производи                                  

На почеток на секоја страница се наоѓа паѓачко мени со категории на производи. Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со набројани производи. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата или името на производот. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот или името на брендот. Кога ќе го најдете саканиот производ може да кликнете на името или на фотографијата и ќе се отворат повеќе информации, детали и фотографии од производот, како и достапните големини.  Со притискање на полето "ВО КОШНИЧКА" ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата корпа. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во корпа.

Содржина на корпата

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за корпата, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или спротивно да го зголемите нивниот број.

Нарачување на производи од корпата

 

Пред да ја направите нарачката, кога ја прегледувате кошничката во долниот дел се наоѓа поле „ВНЕСЕТЕ КУПОН“ каде можете да внесете код доколку во моментот има активен код за попуст. Кодовите за попуст се актуелни само за време на акции, и истите редовно се објавуваат на насловната страна на сајтот и на социјалните мрежи.

 

Додека ги разгледувате производите во кошничката, кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа корпата да кликнете на копчето за "НАРАЧКА"  или „ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ“ доколку сакате да додадете уште некој производ.

 

Откако ќе кликнете "НАРАЧКА" од вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил или да купите без регистрација. Откако ќе одберете дали сакате да купувате со извршена регистрација или не, кликнете на копчето „ПРОДОЛЖИ“.Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секоја нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил. Доколку одбравте да купувате без регистрација, ќе ви се отвори поле кое од вас ќе побара да ги внесете вашите лични податоци, кои ни се потребни со цел да ја процесираме и доставиме нарачката. По внесувањето на податоците кликнете на копчето „ПРОДОЛЖИ“.

 

Во делот МЕТОДИ ЗА ИСПОРАКА доколку вашиот производ е во износ под 2490 ден ќе ви се појави опцијата Сума за испорака по фиксна стапка 150 ден и кликнете само „ПРОДОЛЖИ“. Доколку производите се во вкупна вредност над 2490 ден, тогаш ќе имате можност да ја одберете опцијата БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА, а потоа кликнете „ПРОДОЛЖИ“.

 

Кај МЕТОДИ НА ПЛАЌАЊЕ единствената опција е Плаќање при подигање на пакетот. Клинете „ПРОДОЛЖИ“ и во последниот чекор кликнете „ПОТВРДИ ЈА НАРАЧКАТА“.

 



 

Достава

Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.

Рокот на испорака е до 5 работни дена. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден. Работното време на нашиот online shop е од 8 до 17 часот во текот на неделата и сабота од 9 до 13 часот. 

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 8 до 16 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Доколку курирот не Ве пронајде на адресата, вообичаена пракса е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го впишале при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин за достава. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

РЕКЛАМАЦИИ

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 02602715 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@arthurs.com.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите вработени телефонски ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме да не контактирате телефонски на 02602715 или на меил

info@arthurs.com.mk .

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

Во име на компанијата АРТХУРС ДООЕЛ се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во компанијата АРТХУРС се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

 

ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач без оглед на причината за враќање, АРХУРС има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку банкарска трансакција.